УКРАИНА БАРА АВИОНИ, СОЈУЗНИЦИТЕ ЗАГРИЖЕНИ КАКО ДА Ѝ ОБЕЗБЕДАТ ДОВОЛНО МУНИЦИЈА ПРЕД НОВАТА РУСКА ОФАНЗИВА

    УКРАИНА БАРА АВИОНИ, СОЈУЗНИЦИТЕ ЗАГРИЖЕНИ КАКО ДА Ѝ ОБЕЗБЕДАТ ДОВОЛНО МУНИЦИЈА ПРЕД НОВАТА РУСКА ОФАНЗИВАМинистрите за одбрана на НАТО-членките денеска ќе се сретнат во Брисел, за да ѝ обезбедат нова воена помош на Украина (Фото: АП)

    Украина продолжува да ги притиска западните сојузници да ѝ дадат борбени авиони, додека САД и НАТО повеќе се загрижени за потребите на Киев за големи количества муниција во пресрет на првата годишнина од почетокот на руската инвазија.

    Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО денеска ќе се сретнат во Брисел, каде што се очекува да ѝ обезбедат нова воена помош на Украина, која се соочува со нова голема руска офанзива. Генералниот секретар Јенс Столтенберг кажа дека ќе се дискутира и за авионите, но дека на Украина веднаш треба да ѝ се помогне на терен.

    Украина троши гранати побрзо одошто западот може да произведе. Според некои проценки, украинската војска дневно испукува меѓу 6.000 и 7.000 гранати, што е само една третина од она што Русија го користи.

    „Обезбедување муниција и противвоздушна одбрана е далеку поважно во моментов од дискусиите за борбени авиони. Само за обука на пилоти би биле потребни неколку месеци. Сојузниците на Украина треба да се фокусираат на она што се случува сега, а тоа е дека руска офанзива е веќе почната“, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

    Германија потпиша договор со компанијата „Рајнметал“ за обнова на производството на муниција за противвоздушните оружја „гепард“.

    Американскиот министер за одбрана Лојд Остин повтори дека САД и НАТО никогаш нема да ја напуштат Украина.

    „Од почетокот на инвазијата, заедно ја помогнавме Украина со 50 милијарди долари. Една година подоцна, обединети сме како секогаш“, кажа Остин.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира