НАД 41.000 МРТВИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА, ЕРДОГАН КАЖА ДЕКА СЕ УРНАТИ 47.000 ЗГРАДИ

    НАД 41.000 МРТВИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА, ЕРДОГАН КАЖА ДЕКА СЕ УРНАТИ 47.000 ЗГРАДИЕрдоган кажа дека реконструкцијата на земјата ќе почне во следните месеци (Фото: АП)

    Реџеп Таип Ердоган повика да се продолжи со спасувачките напори повеќе од една недела по катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, додека една старица е последната која беше извлечена жива од урнатините. Досега е потврдено дека загинале повеќе од 41.000 луѓе во двете земји, додека милиони останаа без дом на смрзнувачките температури. Само во Турција има над 35.000 мртви, со што ова е најсмртносниот земјотрес во земјата во изминатите 85 гпдини.

    Ќе продолжиме со нашата работа сè додека и последниот граѓанин не биде извлечен од урнатините“, кажа Ердоган.

    Тој додаде дека проценката на штетите на зградите ќе биде довршена за една недела, а реконструкцијата би почнала во следните месеци.

    Околу 2,2 милиона луѓе веќе ги напуштија погодените подрачја. Околу 47.000 станбени згради се уништени или толку многу оштетени што ќе мора да се урнат. Но, повторно ќе ги изградиме сите домови и деловни објекти“, кажа Ердоган, додавајќи дека има над 105.000 повредени, а 13.000 и натаму се во болница.

    Седумдесет и седумгодишна жена ноќеска беше спасена од урнатините на седумкатна зграда во Адијаман, околу 212 часа по земјотресот, објавија медиумите. Уште девет луѓе биле спасени вчера во Турција, додека вниманието сè повеќе се свртува кон обезбедување засолниште, храна и здравствена грижа за преживеаните.

    Во Сирија, првите камиони со хуманитарна помош влегоа во бунтовничкиот дел на земјата преку новоотворен граничен премин, што го договорија Обединетите нации и владата во Дамаск. Тој ќе биде отворен во следните три месеци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира