СИРИСКОТО БЕБЕ РОДЕНО ПОД УРНАТИНИТЕ ПРЕФРЛЕНО НА БЕЗБЕДНА ЛОКАЦИЈА ПОРАДИ СТРАВ ОД КИДНАПИРАЊЕ

    СИРИСКОТО БЕБЕ РОДЕНО ПОД УРНАТИНИТЕ ПРЕФРЛЕНО НА БЕЗБЕДНА ЛОКАЦИЈА ПОРАДИ СТРАВ ОД КИДНАПИРАЊЕИлјадници луѓе од цел свет се понудиле да ја посвојат Аја (Фото: Твитер)

    Сириското бебе родено под урнатините на зграда уништена во неодамнешниот силен земјотрес е префрлено на безбедна локација, објавија здравствените власти. Тие презеле вакви мерки на претпазливост поради страв од киднапирање и измама со посвојување.

    Во понеделникот имало насилен инцидент во болницата во која малата Аја се лекувала, откако болничар и двајца вооружени мажи го натепале менаџерот. Шефот на здравствениот директорат на Африн, Ахмад Хаџ Хасан, негираше дека тоа бил неуспешен обид за киднапирање на Аја.

    Илјадници луѓе од цел свет се понудиле да ја посвојат Аја откако нејзината трагична приказна се прошири низ интернет. Иако таа беше извлечена жива од урнатините, во земјотресот загинале нејзините мајка, татко и четворица браќа и сестри. Здравствените власти кажаа дека добросостојбата на Аја е приоритет и засега нема да дозволат нејзино посвојување.

    Мајката на Аја се породила набргу откако нивниот дом во Џиндаирис во северозападниот дел на Сирија бил уништен во земјотресот. При спасувањето, Аја сè уште била поврзана со папочната врвка, по што од еден далечен роднина била префрлена во болница. Иако дошла во лоша состојба, лекарите кажаа дека нејзината состојба се стабилизирала следниот ден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира