ЖЕНА И ДВЕ ДЕЦА СПАСЕНИ ОД УРНАТИНИТЕ ВО ТУРЦИЈА ПОВЕЌЕ ОД ДЕВЕТ ДЕНА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ

    ЖЕНА И ДВЕ ДЕЦА СПАСЕНИ ОД УРНАТИНИТЕ ВО ТУРЦИЈА ПОВЕЌЕ ОД ДЕВЕТ ДЕНА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТВестите за чудесни спасувања веќе се многу ретки (Фото: Гети)

    Две жени се извлечени од урнатините на зграда во јужниот турски град Караманмараш, а мајка и две деца се спасени во Антакија вчера, девет дена по катастрофалниот земјотрес, во кој загинаа над 41.000 луѓе во Турција и Сирија. Жена по име Ела и нејзините деца Мејсам и Али поминале 228 часа под урнатините на станбена зграда во Антакија, објави агенцијата „Анадолу“.

    „Невообичаено е луѓето да преживеат под урнатини повеќе од 100 часа. Сепак, смрзнувачките температури во регионот можеби помагаат да се продолжи времето за преживување. Студот ја намалува потребата од вода, што може да игра улога. Нема доволно податоци за тоа колку долго луѓето можат да преживеат во вакви ситуации, но гледаме чудесни спасувања и по 200 часа“, вели д-р Санџај Гупта, главниот известувач за здравство на Си-Ен-Ен.

    Милиони луѓе останаа без дом во земјотресот, со што спасувачката операција се свртува кон обезбедување засолниште, храна и медицинска грижа за овие луѓе. Светската здравствена организација кажа дека е особено загрижена за добросостојбата на луѓето во северозападна Сирија, бунтовнички регион каде што хуманитарна помош бавно пристигнува.

    „Земјотресот силно погоди области и под контрола на владата, но таму функционираат службите и има пристап до луѓето“, кажа Марк Рајан, извршниот директор за програмите за итни ситуации во СЗО.

    Турските власти објавија дека во земјата има 36.187 загинати, а во Сирија над 5.800.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира