Поради минималните пари што Министерството за култура ги издвои за фестивалот Макфест, Општина Штип одлучи и оваа година да не ја прифати финансиската поддршка и најави реализација на фестивалот со сопствени и спонзорски средства.
Градоначалникот Иван Јорданов вели дека одобрените средства се потценувачки и навредливи за најреномираниот музички фестивал во државата, како и за граѓаните на Штип.
„Макфест порано добиваше околу 60 милиони денари, а последните две години финансиската поддршка е сведена само на 400.000 денари. Со најмалку милион денари се финансираат разни непознати музички настани и слично. Штип и штипјани нема да дозволат згаснување на фестивалот, па решивме и оваа година, исто како и лани, да го реализираме со сопствени средства“, вели Јорданов, кој не размислува да поднесува жалба како што препорача Министертсвото.
Триесет и осмото издание на Макфест ќе се одржи на 20/21 октомври.
Т. ЈОВАНОВСКИ