После двегодишна пауза поради ковид ограничувањата, 73. издание на Берлиналето почнува вечерва во неговата стандардна форма.
Од денес до 26 февруари ќе се прикажат речиси 400 филмови, и се очекува голема поддршка на луѓето во Украина и Иран, во кои има војна и нереди. Светска премиера ќе има документарниот филм „Супермоќ“ на Шон Пен и Арон Кауфман за украинскиот претседател Володимир Зеленски, руската инвазија на земјата и тековната војна, што ќе игра вон конкуренција.
Се очекува на вечерашното отворање на еден од најпрестижните светски фестивали преку видео да се обрати Зеленски.
Претседателка на жирито е американската актерка, режисерка и сценаристка Кристен Стјуарт, а фестивалот отвора со комедијата „Таа дојде кај мене“ на режисерката Ребека Милер, во која играат Питер Динклиџ, Мариса Томеи и Ен Хатавеј.
За Златна и Сребрена мечка ќе се натпреваруваат 19 филмови, од кои шест се на режисерки. Златна мечка за животно дело ќе добие американскиот режисер Стивен Спилберг.