Актерот Брус Вилис има фронтотемпорална деменција, кажа неговото семејство. Во објавата на социјалните мрежи, тие кажаа дека е олеснување што конечно ја добиле јасната дијагноза.
Минатата пролет, на 67-годишниот Вилис му беше дијагностицирана афазија, која предизвикува проблеми со говорот и ова во меѓувреме прогресирало во поспецифична дијагноза. Семејството на Вилис кажа дека фронтотемпоралната деменција е највообичаената форма на деменција кај луѓето над 60 години.
„Денес нема третмани за оваа болест, реалност што се надеваме ќе се промени во следните години. Се надеваме дека нашата објава ќе ја подигне свеста за ова важно прашање“, соопшти семејството.
Објавата е потпишана од сегашната и поранешната сопруга на Вилис, Ема Хеминг и Деми Мур, како и од неговите три ќерки.
Бројни актери и други славни личности му изразуваат поддршка на Вилис преку социјалните мрежи. Тој кажа дека ја прекинува актерската кариера уште кога лани дозна дека има афазија.