АКТИВИСТИ ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ СЕ ЗАЛЕПИЈА НА ЦРВЕНИОТ КИЛИМ НА БЕРЛИНАЛЕТО

    АКТИВИСТИ ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ СЕ ЗАЛЕПИЈА НА ЦРВЕНИОТ КИЛИМ НА БЕРЛИНАЛЕТОМажот и жената се залепија на килимот откако поминаа филмските ѕвезди на свеченоста во Берлинале палас. (Фото: АФП)

    Активисти се залепија самите себеси на црвениот килим на синоќешното свечено отворање на Берлиналето, повикувајќи ја германската влада и општество да преземат поголема активност во борбата против климатските промени.

    Мажот и жената се залепија на килимот откако поминаа филмските ѕвезди на свеченоста во Берлинале палас, по што следеа видеообраќањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски и премиерата на „Таа дојде кај мене“ на американската режисерка Ребека Милер.

    Протестот го организираше групата „Последната генерација“, која рече дека актуелната влада и општество се последните кои останаа и кои имаат шанса да да се смени теркот на климатскиот пекол со милијарди смртни случаи.

    „Сега треба да ги свртиме работите“, рече Рафаел Воелми, а активистката Лиза Винкелман додаде: „Ако продолжиме да бегаме од реалноста, ќе ослободиме смртоносна лавина од која нема спас“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира