ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ ДЕКА ПРВИТЕ ТЕНКОВИ „ЛЕОПАРД“ НАСКОРО ДОАЃААТ ВО УКРАИНА, МАКРОН ВЕЛИ НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ДИЈАЛОГ СО РУСИЈА

    ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ ДЕКА ПРВИТЕ ТЕНКОВИ „ЛЕОПАРД“ НАСКОРО ДОАЃААТ ВО УКРАИНА, МАКРОН ВЕЛИ НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ДИЈАЛОГ СО РУСИЈАМудро е да се подготвиме за долга војна, кажа Шолц на Минхенската безбедносна конференција (Фото: АФП)

    Германија наскоро ќе ги испорача првите тенкови „леопард“ во Украина, кажа канцеларот Олаф Шолц на Минхенската безбедносна конференција и им порача на сојузниците да очекуваат долга војна. На неколку дена до првата годишнина од почетокот на инвазијата, и францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека сега не е време за дијалог со Русија.

    Прифаќајќи ја реалноста дека Русија се обидува да преземе офанзива, украинскиот лидер Володимир Зеленски го повика западот да побрза со испораките на оружјето, додека Владимир Путин не остварил предност на бојното поле.

    Мора да побрзате. Мора да побрзате со испораките и да го ограничите рускиот потенцијал. Од вашата брзина зависат нашите животи. Одложувањето секогаш е грешка“, кажа Зеленски.

    Шолц изјави дека е мудро да се подготвиме за долга војна, што би му покажало на Путин дека Германија и сојузниците никогаш нема да ја напуштат Украина. По неколкунеделни убедувања, Германија минатиот месец се согласи да испрати тенкови „леопард 2“ во Украина и им дозволи и на другите земји да го направат тоа.

    Следните неколку недели би можеле да бидат решавачки. Сојузниците мора да ја засилат поддршката за Украина за да ѝ овозможат да почне противофанзива, што пак би ја подобрило нејзината преговарачка позиција во иднина“, смета Макрон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира