БАЈДЕН НЕНАЈАВЕНО ПРИСТИГНА ВО КИЕВ

    БАЈДЕН НЕНАЈАВЕНО ПРИСТИГНА ВО КИЕВБајден се сретна со Зеленски во палатата Марински (Фото: Телеграм)

    Американскиот претседател Џо Бајден ненајавено пристигна во Киев, што е негова прва посета на Украина од почетокот на руската инвазија пред речиси една година. Изненадната посета на Украина дојде откако Бајден отпатува за Полска, за да се сретне со претседателот Анджеј Дуда.

    Украинските медиуми утрово шпекулираа со посетата на Бајден, откако низ Киев биле видливо засилени безбедносните мерки, а украинскиот министер за надворешни работи Кулеба го откажа патувањето во Брисел.

    „Една година подоцна, Киев се држи, Украина се држи, демократијата се држи“, кажа Бајден откако се сретна со Володимир Зеленски во палатата Марински, при што најави нова американска помош за Украина од 500 милиони долари.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира