Владимир Путин отповика указ од 2012 со кој делумно се поддржуваше суверенитот на Молдавија при решавањето на иднината на отцепениот проруски регион Транснистрија. Указот ја нагласуваше надворешната политика на Русија пред 11 години, кога таа имаше поблиски односи со ЕУ и САД.
„Одлуката за отповикување на указот е донесена за да се обезбедат националните интереси на Русија во согласност со длабоките промени во меѓународните односи“, објави Кремљ.
Александру Фленчеа, молдавскиот претседател на комисијата за заедничка контрола во безбедносната зона околу Транснистрија, кажа дека откажувањето на указот не значи дека Путин го оспорува молдавскиот суверенитет.
„Молдавија и Русија имаат основен политички договор кој обезбедува заемно почитување на територијалниот интегритет на двете земји“, кажа Фленчеа.
Кремљ потврди дека руските односи со Молдавија се многу тензични и ја обвини земјата дека спроведува противруска агенда. Молдавија неодамна назначи нова прозападна влада.
Указот од 2012 ја обврзуваше Русија да бара начини за решавање на сепаратистичкото прашање врз основа на почитувањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и неутралноста на Молдавија. Транснистрија, каде што се зборува руски, се отцепи во 1990, една година пред распадот на Советскиот Сојуз, поради стравот дека Молдавија и Романија би можеле да се спојат. Од кратката војна во 1992 таму немаше насилства.