ВО СООБРАЌАЈ ПУШТЕНА ПОПРАВЕНАТА ЛОКОМОТИВА „РОМАНКА“, КОЈА ПЕТ ГОДИНИ БИЛА ВОН УПОТРЕБА

    ВО СООБРАЌАЈ ПУШТЕНА ПОПРАВЕНАТА ЛОКОМОТИВА „РОМАНКА“, КОЈА ПЕТ ГОДИНИ БИЛА ВОН УПОТРЕБАСо поправката на оваа локомотива, МЖ Транспорт заштедил 500.000 евра (Фото: СДК.МК)

    МЖ Транспорт пушти во сообраќај електрична локомотива која поради неисправност била вон употреба пет години. Таа сега е репарирана и поправена и го засили скудниот возен парк на МЖ Транспорт.

    „Со поправката на оваа локомотива заштедивме 500.000 евра, со тоа што ја извршивме со сопствени капацитети. Нашата работа и визија е со максимална посветеност на секои 5-6 месеци да пуштиме во употреба локомотива која со години била нефункционална“, информираа од МЖ Транспорт.

    Локомотивата со број 462-002 е популарна кај персоналот како „романка“, бидејќи е од романско производство, а по германска лиценца. Таа ќе сообраќа на делницата Табановце-Гевгелија и обратно. Истовремено, вработените од МЖ Транспорт работат на поправката на уште една ваква локомотива.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира