АМЕРИКАНСКИТЕ ВЕСНИЦИ ГО ОТКАЖАА СТРИПОТ „ДИЛБЕРТ“ ПОРАДИ РАСИСТИЧКА ИЗЈАВА НА АВТОРОТ АДАМС

    АМЕРИКАНСКИТЕ ВЕСНИЦИ ГО ОТКАЖАА СТРИПОТ „ДИЛБЕРТ“ ПОРАДИ РАСИСТИЧКА ИЗЈАВА НА АВТОРОТ АДАМСАвторот Сот Адамс и главниот лик Дилберт. (Фото: Гети)

    Многу американски весници, меѓу кои и „Вашингтон пост“, го откажаа објавувањето на долгогодишиот стрип „Дилберт“ откако неговиот творец даде расистички коментари. Во видеото на Јутјуб, Скот Адамс, кој е белец, рече дека црните Американци се дел од „групата на омраза“ и дека белите луѓе треба „да бегаат што подалеку“ од нив.

    65-годишниот Адамс подоцна призна дека неговата кариера е уништена. Тој рече дека поголемиот дел од неговите приходи ќе исчезнат до следната недела. „Дилберт“ беше главен столб на забавните страници на американските весници, а стрипот e познат по неговиот сатиричен канцелариски хумор, каде главниот лик е инженерот Дилберт и кучето што зборува, кои заедно ги се потсмеваат на корпоративната култура.

    Меѓу оние медиуми кои стрипот „Дилберт“ се и мрежата „Ју-Ес-Еј тудеј“ која управува со десетици весници, и „Лос Анџелес тајмс“. „Вашингтон пост“ рече дека забелешките на Адамс промовираат сегрегација.

    Неговите коментари беа дадени како одговор на истражувањето спроведено од фирмата „Расмусен репортс“ во кое луѓето беа прашани да се согласат или не со фразата: „Во ред е да се биде белец“. Се верува дека фразата се појавила во 2017 како кампања за тролање и оттогаш ја користат белите расисти. Според анкетата, 53% од црните испитаници се согласиле со изјавата, но 26% не се согласуваат, а другите не биле сигурни. Адамс рече дека оние што не се согласуваат се „група на омраза“.

    „Би рекол, врз основа на сегашниот начин на кој се одвиваат работите, најдобриот совет што би им го дал на белите луѓе е да се тргнат што подалеку од црните луѓе… затоа што ова нема да се поправи“, рече тој.

    Дарин Бел, црнец, добитник на Пулицерова награда, рече дека Адамс е срам.

    „Дилберт“, кој Адамс го црта и пишува, првпат беше објавен во 1989.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира