УКРАИНСКИ САБОТЕРИ УПАДНАЛЕ ВО ПОГРАНИЧНИОТ РУСКИ РЕГИОН БРИЈАНСК И ДРЖАТ ЗАЛОЖНИЦИ, ВЕЛИ МОСКВА

    УКРАИНСКИ САБОТЕРИ УПАДНАЛЕ ВО ПОГРАНИЧНИОТ РУСКИ РЕГИОН БРИЈАНСК И ДРЖАТ ЗАЛОЖНИЦИ, ВЕЛИ МОСКВАРуските медиуми велат дека се нападнати две села (Фото: АЗЕРТАК)

    Руските сили се борат со украинска саботерска група која влегла на руска територија во пограничниот регион Бријанск, при што држи неколкумина заложници, објавија руските државни медиуми, цитирајќи руски функционери. Поради овој инцидент, Владимир Путин го откажал планираното патување во Ставропол.

    Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, го опиша инцидентот како терористички напад.

    Агенцијата ТАСС објави дека украинските саботери ги нападнале селата Љубечан и Сушани, при што пукале на возило и притоа убиле едно лице и раниле 10-годишно дете.

    Федералната служба за безбедност (ФСБ) потврди дека во пограничниот регион Бријанск се преземаат мерки за ликвидирање на вооружени украински националисти, кои ја преминале државната граница“, пренесе ТАСС.

    Гувернерот на Бријанск, Александар Богомаз, кажа дека Украинците ја нападнале областа и со дронови и артилерија.

    Советникот на Зеленски, Михајло Подољак, вели дека станува збор за класична руска провокација.

    Русија сака да го уплаши својот народ за да го оправда нападот на друга земја. Партизанското движење во Руската Федерација станува посилно и поагресивно“, напиша тој на Твитер.

    Британската разузнавачка служба вчера соопшти дека Русите лансираат напади со дронови врз Украина од Бријанск, кој се наоѓа северно од Украина.

    Оваа недела, Путин му нареди на ФСБ да го засили надзорот врз руските граници кон Украина, со цел, како што кажа, да се спречат шпионски и диверзантски активности.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира