ОДБИЕНИ СЕ БРОЈНИ НАПАДИ НА БАХМУТ, ВЕЛИ УКРАИНСКАТА АРМИЈА

    ОДБИЕНИ СЕ БРОЈНИ НАПАДИ НА БАХМУТ, ВЕЛИ УКРАИНСКАТА АРМИЈАУкраински тенк Т-64 влече заробен руски оклопен транспортер БМП-3 во близина на Бахмут. (Фото: Твитер)

    Бројни напади се одбиени во областа на источен Донецк во изминатите 24 часа, вели Украинската армија. Руските сили тврдат дека се многу блиску до заземање на градот Бахмут, околу кој се водат интензивни борби веќе неколку месеци, додека шефот на руската приватна армија Вагнер Евгениј Пригожин кажа дека градот е „практично опколен“.

    Но, командантот на украинските копнени сили Олександр Сирски вчера го посети Бахмут и имаше средба со локалните команданти како да ја засилат одбраната на градот.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно неделава предупреди дека ситуацијата на источниот фронт станува сè потешка.

    Една од клучните грижи на Украина е недостигот на муниција додека војната со Русија не покажува знаци на забавување. Зеленски нагласи дека се потребни гранати за артилерија за да се запре Русија.

    САД најавија нов пакет воена помош вреден 400 милиони долари за да се надополнат украинските залихи на муниција. Државниот секретар Ентони Блинкен кажа дека овој пакет содржи прецизна муниција за системот Химарс и за хаубиците кои, како што кажа тој, Украина ги користи многу ефективно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира