Двајцата сенатори од Флорида побараа од американскиот претседател Џо Бајден да направи исклучок за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и да му дозволи да настапи на турнирот во Мајами месецов. Ѓоковиќ не може да влезе во САД бидејќи е невакциниран против ковид-19.
Републиканските сенатори Марко Рубио и Рик Скот му пишаа на Бајден дека и онака правилата за влез во САД со кои се забранува влез на навакцинирани истекуваат на 11 мај.
Турнирот во Мајами почнува на 19 март и ќе трае до 2 април.
Џејмс Блејк, директорот на Мајами Опен, кажа дека поднел петиција да биде направен исклучок од правилата за Ѓоковиќ, со тврдење дека од доаѓањето на најдобриот светски тенисер ќе има голема економска корист.
И сенаторите го тврдат истото, дека присуството на Ѓоковиќ ќе придонесе за локалната економија.