Британскиот принц Хари вели дека отсекогаш се чувствувал малку поразличен од неговата фамилија и дека неговата мајка се чувствувала исто. Во онлајн разговор за тагата, војводата од Сасекс кажа дека се плашел дека ќе ги изгуби сеќавањата за неговата мајка Дијана кога почнал да оди на терапија.
Тој кажа дека постојано ги опсипува своите деца со љубов и внимание за да не им пренесе дел од неговите „трауми“ и „негативни искуства“ од неговото детство.
Принцот Хари зборуваше за реакциите во јавноста по објавувањето на неговите мемоари и инсистира дека не е жртва, ниту бара сожалување.
„Многу ми олесна“, кажа Хари, опишувајќи ја книгата како „помош“ за другите да почнат да зборуваат за своите проблеми со менталното здравје.
Тој опиша дека растел, чувствувајќи се малку поразлично од остатокот од неговата фамилија и имал чувство дека живее во „меур“, а терапијата му помогнала да излезе од „меурот“.