КИНА ГИ ПРЕДУПРЕДИ САД ДА ПРЕСТАНАТ СО СВОИТЕ ПОГРЕШНИ ПОЛИТИКИ ИЛИ ЌЕ СЛЕДИ КОНФЛИКТ

    КИНА ГИ ПРЕДУПРЕДИ САД ДА ПРЕСТАНАТ СО СВОИТЕ ПОГРЕШНИ ПОЛИТИКИ ИЛИ ЌЕ СЛЕДИ КОНФЛИКТКинескиот министер за надворешни работи Кин Ганг кажа дека вршат потиснување и скротување на Кина (Фото: ЕПА)

    САД би требало да ги променат своите погрешни политики кон Кина или ќе следи конфликт или судир, предупреди кинескиот министер за надворешни работи Кин Ганг.

    Вашингтон врши потиснување и скротување на Кина, место да се залага за фер конкуренција заснована врз правила. Американските ставови и перцепција за Кина се сериозно извртени. САД ја сметаат Кина за свој примарен ривал и најзначаен геополитички предизвик. Тоа е како првото копче на кошулата да го ставате погрешно“, кажа Кин на прес-конференција во Пекинг.

    Односите помеѓу двете суперсили се тензични во изминатите години поради низа прашања, како Тајван, трговија и војната во Украина и тие дополнително се влошија по неодамнешното уривање на балон над САД, кој беше опишан како кинески шпионски уред.

    САД велат дека воспоставуваат заштитни огради за односите со Кина и дека не бараат конфликт, но тоа значи дека Кина не треба да одговара со зборови или дела кога е клеветена или нападната. Тоа е невозможно. Ако Америка не притисне на сопирачката и продолжи забрзано да оди по погрешниот пат, ниедна заштитна ограда нема да го спречи излетувањето од шините, што ќе прерасне во конфликт или судир“, предупреди Кин.

    Повторувајќи дека Кина се залага за дијалог, тој кажа дека „невидлива рака“ притиска за ескалација на војната во Украина, без да прецизира на кого се однесува тоа. Од почетокот на руската инвазија, Кина имаше неколку разговори со Русија, но ниеднаш со Украина.

    Кина мора да ги унапреди своите односи со Русија бидејќи светот станува сè потурбулентен“, кажа Кин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира