ТРЕТ ПАТ СЕ ОДЛОЖИ СУДЕЊЕТО ЗА РОДИЛКАТА ОД ДЕБАР КОЈА ОСТАНА БЕЗ БУБРЕГ, МАТКА И ЈАЈНИК, НО ТАА Е УБЕДЕНА ДЕКА ПРАВДАТА ЌЕ ДОЈДЕ

    ТРЕТ ПАТ СЕ ОДЛОЖИ СУДЕЊЕТО ЗА РОДИЛКАТА ОД ДЕБАР КОЈА ОСТАНА БЕЗ БУБРЕГ, МАТКА И ЈАЈНИК, НО ТАА Е УБЕДЕНА ДЕКА ПРАВДАТА ЌЕ ДОЈДЕВеапоска смета дека ова е само купување време оти судењето третпат се одлага, но верува дека правдата ќе дојде.(Фото: СДК.МК)

    Во Основниот суд во Струга денеска поради оперативен зафат на адвокат на обвинетите, се одложи судското рочиште за родилката од Дебар, Јелдаз Веапоска, која при породување во 2020 година остана без бубрег, матка и јајник.

    Веапоска смета дека ова е само купување време оти судењето третпат се одлага, но верува дека правдата ќе дојде.

    „Постапката се одолговлекува од самиот почеток, но јас и покрај тоа верувам во правда за овој случај, крајот ќе дојде. Не сум се соочила со докторот, ниту сакам, но сакам законски да одговара за тоа што ми го направи. После сето тоа имав уште еден оперативен зафат, вадење на жолчка, се лекувам и на психијатрија и здравјето се повеќе ми се влошува и психички и физички“, изјави Веапоска.

    Обвинетите лекари од Струшката болница, првообвинетиот Мухамед Асани како лекар-специјалист гинеколог акушер, второобвинетиот Блертон Асани како лекар-специјализант по гинекологија и акушерство и третообвинетата Лилјана Јованоска како лекар-гинеколог акушер се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето. Тие при укажување лекарска помош примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување, со што предизвикале влошување на здравствена состојба на родилката од Дебар поради што таа остана без три органи.

    Д-р Асани е поранешен директор на Струшката болница, а беше разрешен токму поради овој случај. На првото рочиште тој и останатите двајца лекари кажаа дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело.

    С. ВРЕНЦОВСКА

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира