ПАРИЗ ЗАТРУПАН СО ИЛЈАДНИЦИ ТОНИ ЃУБРЕ ПОРАДИ ШТРАЈКОТ ПРОТИВ ПЕНЗИСКИТЕ РЕФОРМИ

    ПАРИЗ ЗАТРУПАН СО ИЛЈАДНИЦИ ТОНИ ЃУБРЕ ПОРАДИ ШТРАЈКОТ ПРОТИВ ПЕНЗИСКИТЕ РЕФОРМИДо вчера, на улиците на Париз имало 5.600 тони несобран отпад (Фото: Гети)

    Илјадници тони отпад се оставени на улиците на Париз откако ѓубреџиите се придружија на штрајкот против најавените пензиски реформи, со кои старосната граница за одење во пензија треба да се покачи од 62 на 64 години.

    Валкано е и привлекува стаорци и бубашваби“, се пожали еден парижанец.

    Слична е ситуацијата и во други француски градови, како Нант, Рен и Авр, каде што се протестира и штрајкува веќе една недела.

    Париските власти кажаа дека половина од градските области се погодени од штрајкот, при што три депонии се блокирани, а четвртата е делумно затворена. До вчера, на улиците на Париз имало 5.600 тони несобран отпад.

    Во десетте области каде што ѓубрето го собираат приватни компании ситуацијата е нормална.

    Штрајкот предизвика промени во однесувањето на стаорците, кои ги пребаруваат кантите, се размножуваат таму и оставаат урина и измет. Се соочуваме со загрижувачки здравствен ризик“, изјави експертот Ромен Ласер.

    Ѓубреџиите, кои одат во пензија на 57 години поради тешките работни услови, за утре најавија средба за да решат дали ќе продолжат со штрајкот.

    Пензиските реформи во саботата беа поддржани во Сенатот, а финалното гласање за предлог-законот е в четврток.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира