КРАЖБАТА НА МОНИТОР ОД БУГАРСКИОТ КУЛТУРЕН ИНСТИТУТ Е НАПАД НА БУГАРСКАТА ДРЖАВА, СПОРЕД ТАМОШНИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ МИЛКОВ

    КРАЖБАТА НА МОНИТОР ОД БУГАРСКИОТ КУЛТУРЕН ИНСТИТУТ Е НАПАД НА БУГАРСКАТА ДРЖАВА, СПОРЕД ТАМОШНИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ МИЛКОВБугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков со неговиот македонски колега Бујар Османи на 22 јануари во болница во Софија го посетија секретарот на бугарскиот клуб „Борис Трети“ во Охрид. ( (Фото: Фејсбук/принтскрин)

    По кражбата на монитор од бугарскиот културен институт во Скопје, бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков рече дека тоа е напад на бугарската држава и побара од македонските институции да преземат превентивни дејствија да ги заштити бугарските места.

    „Ние гледаме дека сè повеќе дека има ескалирачка тенденција на проблеми. Поминаа ситуациите кога беа напаѓани бугарските клубови и бугарските организации таму, сега веќе и бугарската држава од вчера стана објект на слични напади“, изјави Милков за бугарските медиуми.

    Бугарскиот министер тврди дека во Македонија владее атмосфера на неказнивост и затоа, според него, се случува насилство кон бугарски институции и бугарски организации.

    Од Скопското обвинителство велат дека сите индиции и докази укажуваат дека станува збор за обична кражба на монитор од бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје и додаваат дека на сличен начин истата ноќ биле обиени и ограбени два угостителски објекти во непосредна близина, од каде што биле одземени пари.

    „Настанот се случи ноќта меѓу 15 и 16 март, кога непознати сторители со употреба на сила, освен во објектот на Културно-информативен центар на Република Бугарија, на сличен начин влегле и во уште два угостителски објекта во непосредна близина. Од угостителските објекти биле одземени пари, а од Центарот е одземен еден монитор од компјутер. При увидот од СВР Скопје, подигнати се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а по наредба на јавниот обвинител се обезбедуваат и снимки од видео надзор. До овој момент сите индиции и докази упатуваат дека единствен мотив во конкретниот кривичен настан е противправно присвојување предмети, односно станува збор за кражба“, велат од Скопското обвинителство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира