ЗА ДВА И ПОЛ МЕСЕЦИ ВО ПОЛОШКИОТ РЕГИОН ПРИВЕДЕНИ 95 ЛИЦА КАЈ КОИ БИЛА НАЈДЕНА ДРОГА

    ЗА ДВА И ПОЛ МЕСЕЦИ ВО ПОЛОШКИОТ РЕГИОН ПРИВЕДЕНИ 95 ЛИЦА КАЈ КОИ БИЛА НАЈДЕНА ДРОГАВо најголем број случаи, кај приведените биле најдени марихуана и кокаин (Фото: СДК.МК)

    Во изминатите два и пол месеци Секторот за внатрешни работи Тетово ги интензивираше активностите за справување со неовластеното производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

    „Во овој период, во педесетина случаи евидентирани на тетовските простори вкупно 80 лица биле лишени од слобода, на кои по расчистувањето и документирањето на случаите им се изготвени соодветни поднесоци, додека на гостиварските простори, 15 лица се лишени од слобода. Кај најголемиот број од нив биле најдени марихуана и кокаин, а во само неколку случаи хероин и амфетамини. Главно станува збор за лица на возраст од 15 до 45 години, кои лично користеле опијати, но има и поединци кои ги продавале на други“, соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

    Оттаму најавуваат дека и во наредниот период ќе се преземаат контролни и други активности во чие средиште ќе бидат лицата кои поседуваат, користат или продаваат наркотични средства.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира