ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО РУСКИОТ НАПАД СО ДРОНОВИ НА УКРАИНА, РУСИЈА ВЕЛИ ДЕКА ОДБИЛА НАПАД НА ЦРНОМОРСКАТА ФЛОТА

    ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО РУСКИОТ НАПАД СО ДРОНОВИ НА УКРАИНА, РУСИЈА ВЕЛИ ДЕКА ОДБИЛА НАПАД НА ЦРНОМОРСКАТА ФЛОТАВо градот Ржишив близу Киев се погодени две станбени згради (Фото: украински спасувачки служби)

    Најмалку три лица загинаа откако Русија со дронови нападна повеќе украински градови ноќеска. Во градот Ржишив на периферијата на Киев се погодени две станбени згради, а меѓу жртвите е и 11-годишно момче, објавија спасувачките служби. Се стравува дека под урнатините има уште луѓе.

    Украинската војска соопшти дека Русија лансирала 21 ирански дрон „шахид“, од кои 16 се соборени. Напади се регистрирани и во Одеса и Житомир.

    Во исто време, проруските власти на анектираниот полуостров Крим кажаа дека бил одбиен украински напад со дронови врз црноморската флота. Експлозии се слушнале во пристанишниот град Севастопол.

    „Уништени се три предмети чија цел беше црноморската флота. Нема оштетени бродови“, изјави шефот на локалната управа Михаил Развожаев.

    Украина не го коментираше наводниот напад, кој се случи ден откако руски проектили наменети за црноморската флота биле уништени на железничката станица во градот Џанкој на Крим.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира