Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ организира јавен фотоконкурс под наслов „Зелена урбана фотоструктура“, во рамките на својот проект „Граѓанските организации во акција за климатските промени“.
На конкурсот можат да се пријават граѓани од сите возрасти, а учесниците треба да испратат фотографија со краток опис на нивната зелено уредена тераса и нивниот зелено уреден двор.
Конкурсот е отворен од 22 март до 14 мај, а пријавата и повеќе информации можат да се најдат на линкот zaednozaklimatskaakcija.mk. По завршувањето на конкурсот, комисијата ќе избере тројца добитници на електричен велосипед, тротинет и велосипед.