БЕРЛИН НА РЕФЕРЕНДУМ ГО ОТФРЛИ ПЛАНОТ ДА СТАНЕ ЈАГЛЕРОДНО НЕУТРАЛЕН ДО 2030

    БЕРЛИН НА РЕФЕРЕНДУМ ГО ОТФРЛИ ПЛАНОТ ДА СТАНЕ ЈАГЛЕРОДНО НЕУТРАЛЕН ДО 2030

    Пропадна референдумот во Берлин на кој граѓаните се изјаснуваа за планот со кој градот би се обврзал да стане климатски неутрален до 2030 година, изјави градоначалничката Франциска Гифај. Мерките би ја принудиле новата конзервативна градска власт да инвестира многу во обновлива енергија, ефикасност на зградите и во јавен превоз.

    Доколку успееше, Берлин ќе станеше еден од неколкуте големи европски градови со законски обврзувачка цел да стане јаглеродно неутрален во следните години.

    „Резултатот покажува дека мнозинството берлинци сметаат дека барањата на референдумот не би можеле да се спроведат, дури и ако се претворат во закон“, изјави Гифај.

    Референдумот беше тест дали Германците, не само берлинците, сметаат дека националната климатска политика е преамбициозна. Таа предвидува една од најголемите европски економии да стане јаглеродно неутрална до 2045 година. За разлика од некои претходни референдуми во Берлин, вчерашниот ќе беше законски обврзувачки за локалната влада, но иницијативата собра 441.000 гласови „за“ од потребните најмалку 608.000.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира