ЖЕНА УБИ ШЕСТМИНА ВО УЧИЛИШТЕ ВО НЕШВИЛ, ОД КОИ ТРИ ДЕЦА

    ЖЕНА УБИ ШЕСТМИНА ВО УЧИЛИШТЕ ВО НЕШВИЛ, ОД КОИ ТРИ ДЕЦАПукањето се случи во приватно католичко училиште (Фото: АП)

    Три деца и тројца возрасни се убиени во пукање во приватно католичко училиште во Нешвил, Тенеси. Полицијата соопшти дека нападот го извршила 28-годишна жена, која исто така е мртва.

    Полицијата не ја објави возраста на жртвите, но пукањето се случи во училиште што го посетуваат околу 200 ученици до шесто одделение, односно до 11-12 години.

    Напаѓачот беше женско. Беше вооружена со две напаѓачки пушки и пиштол и почина во судир со полицијата“, соопшти портпаролот на полицијата на Нешвил, Дон Арон.

    Масовни пукања извршени од жени се исклучително ретки во САД. Според последните податоци на ФБИ, мажи биле вклучени во 98% инциденти со пукање во 2021 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира