ЦАРОТ БОРИС ТРЕТИ Е НАЈДИРЕКТНО ОДГОВОРЕН ЗА ЗЛОСТОРСТВАТА НА БУГАРСКИОТ ОКУПАТОР ВО МАКЕДОНИЈА ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА, УТВРДИ КОМИСИЈАТА ЗА УПОТРЕБА НА ИМИЊА

    ЦАРОТ БОРИС ТРЕТИ Е НАЈДИРЕКТНО ОДГОВОРЕН ЗА ЗЛОСТОРСТВАТА НА БУГАРСКИОТ ОКУПАТОР ВО МАКЕДОНИЈА ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА, УТВРДИ КОМИСИЈАТА ЗА УПОТРЕБА НА ИМИЊАОд отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид во октомври лани. (Фото: СДК.МК)

    Комисијата за употреба на имиња на личности на денешната седница даде негативно мислење за употреба на името Цар Борис Трети во називот на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари „Цар Борис Трети“ Охрид, соопшти Министерството за правда.

    „Комисијата за употреба на имиња на личности смета дека евентуалното именување на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество. Се наведе дека тој е одговорен за злосторства извршени за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, при што се ликвидирани стотици граѓани. Посебно беше потенцирано мислењето дека неговата соработка и сојузништво со Третиот рајх и нагласената антисемитска политика се најдиректно одговорни и за депортацијата и екстерминацијата на илјадници Евреи од Македонија во логорот на смртта Треблинка“, велат од Министерството за правда.

    Заклучокот од седницата ќе се проследи до министерот за правда кој ќе треба да донесе решение за бугарскиот клуб од Охрид по претходно добиеното негативно мислење од Комисијата.

    Комисијата за употреба на имиња на 16 март утврди дека Ванчо Михајлов е личност блиска со фашистичката идеологија и на 22 март Централниот регистар го избриша истоимениот бугарски клуб од Битола.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира