ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ Е ВО ПОРАСТ, ВЕЛИ ОМБУДСМАНОТ МЕМЕТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ Е ВО ПОРАСТ, ВЕЛИ ОМБУДСМАНОТ МЕМЕТИ

    Полициската бруталност во Македонија е во пораст и не постојат ефективни истраги, изјави денеска народниот правобранител Иџет Мемети, врз основа на сумираните податоци за 2016 година. Зборувајќи на прес-конференција во Хелсиншки комитет за човекови права, Мемети рече дека канцеларијата на Народниот правобранител во врска со случајот „Диво Насеље“ поднела пет кривични пријави до јавниот обвинител, при што две веќе се отфрлени.

    Две од кривичните пријави што не се отфрлени се однесуваат на сомневање за полициска бруталност при транспорт на обвинети лица од затворите во судовите, а една за бруталност на голем број затворски чувари врз обвинети лица.

    „За жал, Јавното обвинителство повеќе ѝ верува на полицијата и на нивните искази дека немало бруталност отколку на доказите кои што ги нуди Народниот правобранител во кривичните пријави“, рече Мемети.

    Изјавата на Мемети беше дадена на промоција на проектот „Граѓански мониторинг на Народниот правобранител“, кој треба да го утврди односот на медиумите кон канцеларијата на омбудсманот, а кој го спроведува НВО Инфоцентар во соработка со Хелсиншки комитет и е поддржан од САД.

    Во првичниот период на надзор од 45 дена, биле набљудувани 12 медиуми, телевизии, печатени и Интернет медиуми, при што е констатирано дека постои селективен пристап кон активностите на Омбудсманот.Мемети изрази жалење бидејќи неговата работа е најмалку покриена од јавниот сервис, кој има законска обврска да ги следи активностите и на Омбудсманот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира