Модерниот фотоволтаичен парк со моќност од еден мегават ги покрива речиси сите локални потреби за електрична енергија на грчкиот остров Халки, при што дел од жителите веќе не ни плаќаат сметки за струја.
Минатата година, 34% од домаќинствата не платиле ни евро за потрошената струја, 40% имале годишна сметка помала од 100 евра, а 26%, главно бизниси, платиле до 800 евра за електрична енергија. Вкупните заштеди за 2022 изнесувале над 200.000 евра, а во исто време, паркот придонесол штетните емисии на јаглеродниот диоксид да се намалат за 2.246 килограми.
Халки е првиот остров на кој беше имплементирана националната иницијатива GREcoislands, чија цел е зелена транзиција на малите острови. Таа е дел од владините напори за справување со климатските промени, при што истовремено се промовираат одржливиот развој и моќта на зелената економија и модерните технологии.
„Халки влезе во ерата на одржливост и за една година се претвори во пример за зелена економија, енергетска автономија, дигитални иновации и зелена мобилност“, изјави градоначалникот Ангелос Фрагакис.