ОТКАКО ГИ НАПРАВИЈА ПРВОАПРИЛСКИТЕ ЖУРКИ, „ИНТЕРМЕЦО“ И „МОШ“ ГИ ПРИМИЈА РЕШЕНИЈАТА ОД ПАЗАРНАТА ИНСПЕКЦИЈА И САМИ СЕ ЗАТВОРИЈА

    ОТКАКО ГИ НАПРАВИЈА ПРВОАПРИЛСКИТЕ ЖУРКИ, „ИНТЕРМЕЦО“ И „МОШ“ ГИ ПРИМИЈА РЕШЕНИЈАТА ОД ПАЗАРНАТА ИНСПЕКЦИЈА И САМИ СЕ ЗАТВОРИЈАПо десет дена криење, газдите на кафулињата вчера ги примиле решенијата за затворање од Пазарната инспекција и самите ги затвориле објектите. (Фото: К. Попов)

    Скопските кафулиња „Интермецо“ и „Мош“ од вчера се затворени и нема да работат наредните 10 дена. Откако помина викендот и ги направија првоаприлските журки и концерти, вчера конечно по десет дена криење, газдите на кафулињата ги примиле решенијата за затворање од Пазарната инспекција и самите ги затвориле објектите.

    Двете кафулиња на нивните страни на социјалните мрежи вчера објавија дека нема да работат до 12 април.

    „Решението е за затворање од 10 дена и доколку во меѓувреме отворат, тогаш ќе им се издаде ново решение за затворање од 10 дена од денот на изрекување. Тогаш ќе следи и пломбирање, сега локалите се само затворени”, вели директорот на Пазарната инспекција Горан Трајковски.

    „Интермецо“ и „Мош“ се затворени бидејќи не го почитувале дозволеното работно време, односно ечела музика и после еден часот по полноќ.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира