Финска утре ќе стане 31. членка на НАТО, објави генералниот секретар Јенс Столтенберг. Скандинавската држава се откажа од повеќедецениската воена неутралност и поднесе барање за членство во НАТО набргу по почетокот на руската инвазија на Украина.
Во исто време аплицираше и Шведска, но таа ќе почека на приемот поради противењето на Турција, која пред неколку дена конечно го ратифицираше барањето на Финска.
„Утре за првпат ќе го кренеме знамето на Финска пред седиштето на НАТО. Тоа ќе биде добар ден за финската безбедност, скандинавската безбедност и за НАТО во целина. Како резултат на ова, и Шведска ќе биде побезбедна“, изјави Столтенберг.
Финска дели граница со Русија долга 1.340 километри и располага со еден од најмоќните артилериски арсенали во западна Европа.
„Ако силите и ресурсите на други членки на НАТО бидат распоредени во Финска, ние ќе преземеме дополнителни чекори за да ја зајакнеме воена безбедност на Русија“, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко.