ТРАМП И ФОРМАЛНО УАПСЕН ПО ДОАЃАЊЕТО ВО СУДОТ ВО МЕНХЕТН

    ТРАМП И ФОРМАЛНО УАПСЕН ПО ДОАЃАЊЕТО ВО СУДОТ ВО МЕНХЕТННајавено е дека Трамп ќе се изјасни како невин откако судијата ќе ги прочита обвиненијата (Фото: Шатерсток)

    Доналд Трамп и формално беше уапсен откако пристигна во судот во Долен Менхетн во Њујорк, каде што ќе стане првиот американски претседател во историјата кој се соочил со кривично дело. 

    Тој се најде под истрага поради исплатата од 130.000 долари на порно актерката Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година. Вакви спогодби не се незаконски, но обвинителството на Менхетн истражуваше дали имало фалсификување на деловни извештаи во врска со исплатата.

    Најавено е дека тој ќе се изјасни како невин откако судијата Хуан Мерчан ќе ги прочита обвиненијата против него, а потоа се очекува да биде пуштен со кауција, по што ќе се врати во Флорида, од каде што вечерва ќе ѝ се обрати на јавноста.

    Трамп отпоздрави додека влегуваше во судот, но не им кажа ништо на присутните медиуми. Претходно на својата социјална мрежа тој изрази загриженост дека САД стануваат „марксистичка држава од трет свет“, судијата Мерчан го опиша како високо партизиран, а судот како кенгурски.

    Трамп негира дека имал сексуален однос со Даниелс во 2006, која пред изборите во 2016 се обидела да ја продаде својата приказна на медиумите. За да ја замолчи, Трамп преку својот адвокат Мајкл Коен ѝ платил 130.000 долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира