ЖИТЕЛ НА ТЕТОВСКОТО СЕЛО МЕРОВО ПРЕДИЗВИКАЛ ПОЖАР ВО СВОЈАТА ЌУКА И СЕ ОБИДЕЛ ДА ЈА ЗАПАЛИ И КУЌАТА НА НЕГОВ РОДНИНА

    ЖИТЕЛ НА ТЕТОВСКОТО СЕЛО МЕРОВО ПРЕДИЗВИКАЛ ПОЖАР ВО СВОЈАТА ЌУКА И СЕ ОБИДЕЛ ДА ЈА ЗАПАЛИ И КУЌАТА НА НЕГОВ РОДНИНАНа потпалувачот му е одреден притвор од 30 дена (Фото: СДК.МК)

    Минатата сабота, територијалната противпожарна единица од Тетово интервенирала во селото Мерово поради пожар на два објекта, семејна куќа и плевна. Со брза интервенција огнот бил изгаснат, но жителите потоа го пријавиле нивниот соселанец дека го подметнал пожарот и дека покрај овие два објекта сакал да ја запали и куќата на негов близок роднина. Тетовската полиција го привела наводниот потпалувач.

    „Полициски службеници на СВР Тетово го лишија од слобода 57-годишниот А. А. од тетовско Мерово. Тој бил пријавен од жителите на селото дека предизвикал пожар во куќата во која сам престојувал и во блиската плевна, а се обидел, според пријавеното, да предизвика пожар во уште една куќа, сопственост на негов близок роднина“, соопштија од тетовската полиција.

    Потпалувачот бил задржан во тетовската полиција, а Основниот суд во Тетово му одредил притвор од 30 дена.

    „Притворениот ќе биде осомничен за кривичното дело предизвикување општа опасност“, соопштуваат од СВР Тетово.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира