ИНДИСКИ ПОЛИТИЧАР УБИЕН ВО ЖИВО НА ТЕЛЕВИЗИЈА

    ИНДИСКИ ПОЛИТИЧАР УБИЕН ВО ЖИВО НА ТЕЛЕВИЗИЈААтик Ахмед (десно) и брат му даваат изјави на новинари непосредно пред да бидат убиени. (Фото: АНИ/принтскрин)

    Индиски политичар осуден за киднапирање беше застрелан во живо на телевизија заедно со неговиот брат. Атик Ахмед, кој беше придружуван од полиција, зборуваше со новинари кога лице кое се претставувало како новинар извади пиштол до неговата глава и пукаше. По пукањето, три лица брзо беа уапсени. Синот на Ахмед беше убиен во престрелка со полицијата неколку дена претходно.

    Против Ахмед се водеа неколку случаи на киднапирање, убиство и уцена изминатите две децении. Локален суд го осуди на доживотен затвор во март годинава за киднапирање.

    Пред да биде убиен ноќеска, тој беше со лисици на рацете и зборуваше со новинарите на пат за медицински преглед во Прајаграџ.

    На снимката која веќе се споделува на социјалните мрежи, Ахмед беше прашан дали присуствувал на погребот на син му.

    По двојното убиство, главниот министер на покраината Утар Прадеш нареди истрага за инцидентот и забрани големи собири за да се обезбеди мир.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира