МРАЧНАТА СТРАНА НА КОРЕЈСКИОТ ПОП – РОПСКИ ДОГОВОРИ, УНИШТУВАЧКИ ПРИТИСОК НА ЈАВНОСТА И САМОУБИСТВА

    МРАЧНАТА СТРАНА НА КОРЕЈСКИОТ ПОП – РОПСКИ ДОГОВОРИ, УНИШТУВАЧКИ ПРИТИСОК НА ЈАВНОСТА И САМОУБИСТВАПопуларниот пејач, актер и модел Мунбин завчера беше пронајден мртов во својот дом (Фото: АП)

    Јужна Кореја е во шок по самоубиството на уште една млада музичка ѕвезда, што повторно го нагласи притисокот со кој тие се соочуваат во оваа земја. Дваесет и петгодишниот Мунбин, кој беше популарен пејач, актер и модел, беше пронајден мртов во својот дом и властите кажаа дека најверојатно самиот си го одзел животот.

    Позната како хипернатпреварувачка култура, Јужна Кореја ја има највисоката стапка на самоубиства на млади меѓу развиените земји, а да се биде славен значи да се биде под далеку поголем притисок на јавноста во споредба со поп ѕвездите во Северна Америка и Европа.

    Според Роб Шварц, азискиот дописник на списанието „Билборд“, натпреварувањето е жестоко од самиот почеток. Забавната индустрија е силно примамлива за младите Корејци. Истражување на министерството за образование од 2021 покажа дека актер, модел и пејач се меѓу десетте најпосакувани професии кај основците.

    За да се биде ѕвезда на корејскиот поп потребно е да се помине низ исцрпувачки тренинг период, што значи прекин на врските со пријателите и колегите и тоа може да трае со години“, вели Шварц.

    Иако Мунбин станал телевизиска ѕвезда уште како 11-годишник, тој морал да вежба уште осум години пред да стане член на бој групата „Астро“.

    По бројни рунди на селекција, само малкумина кандидати успеваат да излезат на сцена, во индустрија која веќе е преплавена со ѕвезди. Притоа трпат огромен стрес поради притисокот од агенциите за таленти и фановите. Почетниците вообичаено се врзуваат со таканаречени ропски договори, односно долги ексклузивни договори со кои имаат малку контрола врз своите распореди и финансии“, вели Шварц.

    Откако ќе дебитираат, се следи секој чекор и потег на младите ѕвезди, не само од фановите, туку и од целото општество, поради што многумина страдаат од ментални проблеми, за кои е тешко да се зборува.

    Во изминатите години, забавната индустрија на Јужна Кореја беше погодена од неколку ненадејни загуби на млади ѕвезди, вклучувајќи ги пејачките Сули и Гу Хара, кои извршија самоубиство. Минатиот месец почина и 26-годишната актерка Јунг Чае-јул.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира