ПОРАДИ СЛОГАНОТ „ШАМПАЊ НА ПИВОТО“, ФРАНЦИЈА ПОБАРА БЕЛГИЈА ДА УНИШТИ УВЕЗЕНА ПРАТКА СО НАД 2.000 ЛИМЕНКИ АМЕРИКАНСКО ПИВО

    ПОРАДИ СЛОГАНОТ „ШАМПАЊ НА ПИВОТО“, ФРАНЦИЈА ПОБАРА БЕЛГИЈА ДА УНИШТИ УВЕЗЕНА ПРАТКА СО НАД 2.000 ЛИМЕНКИ АМЕРИКАНСКО ПИВОАмериканското пиво „милер хај лајф“ цел век го користи слоганот „Шампањ на пивото“. (Фото: АП)

    Чуварите на францускиот регион Шампањ нема да дозволат никој залудно да го користи името на пенливиот пијалок, дури ни американскиот пивски гигант. Американското пиво „милер хај лајф“ цел век го користи слоганот „Шампањ на пивото“. Но изминатава недела, на барање на трговското тело кое ги брани интересите на фирмите и одгледувачите на североисточното француско пенливо вино, белгиската царина уништи над 2.000 лименки „милер хај лајф“ рекламирани со тој слоган.

    Без разлика колку е популарен слоганот во САД, тој е некомпатибилен со правилата на Европската Унија кои јасно покажуваат дека стоките што ја нарушуваат заштитената ознака на потекло може да се третираат како фалсификат. (Фото: АП)

    Комитетот на Шампањ побара уништување на пратка од 2.352 лименки со образложение дека вековното мото што го користи американската пиварница ја нарушува заштитената ознака за потекло „Шампањ“. Пратката била пресретната во белгиското пристаниште Антверпен на почетокот на февруари, изјави во петокот портпаролот на белгиската царинска управа, а била наменета за Германија. „Молсон Корс бевериџ“, која го поседува брендот „милер хај лајф“, во моментов не го извезува во ЕУ, а белгиската царина одби да каже кој ги нарачал пивата. Купувачот во Германија „беше информиран и не ја оспори одлуката“, се вели во соопштението на трговската организација.

    Фредерик Милер, германски имигрант во САД, ја основал компанијата за пиво Милер во 1850-тите. „Милер хај лајф“, нејзиниот најстар бренд, беше лансиран како негов предводник во 1903 година. Според веб-страницата на брендот со седиште во Милвоки, компанијата почнала да го користи слоганот „Шампањ на флашираното пиво’три години подоцна, во 1906. Во 1969, слоганот беше скратен на „Шампањ на пивото“.

    Без разлика колку е популарен слоганот во САД, тој е некомпатибилен со правилата на Европската Унија кои јасно покажуваат дека стоките што ја нарушуваат заштитената ознака на потекло може да се третираат како фалсификат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира