МУЗЕЈ ВО ХАМБУРГ ИМ ОВОЗМОЖИ НА ПОСЕТИТЕЛИТЕ ДА ФРЛААТ ПИРЕ ОД КОМПИР ВРЗ РЕПРОДУКЦИЈА НА СЛИКА ОД ВАН ГОГ

    МУЗЕЈ ВО ХАМБУРГ ИМ ОВОЗМОЖИ НА ПОСЕТИТЕЛИТЕ ДА ФРЛААТ ПИРЕ ОД КОМПИР ВРЗ РЕПРОДУКЦИЈА НА СЛИКА ОД ВАН ГОГТВ-готвачот Оле Плогстет сакал да испровоцира дискусија за целите и средствата на климатските активисти (Фото: ДПА)

    Посетителите на Музејот на фудбалскиот клуб Санкт Паули во Хамбург фрлаа пире од компир на реплика на сликата „Петнаесет сончогледи“ од Винсент ван Гог за време на Ноќта на отворените музеи во овој град. Познатиот ТВ-готвач Оле Плогстет, кој беше вклучен во организацијата на оваа акција, изјави дека сакал да испровоцира дискусија за целите и средствата на последната генерација на климатските активисти.

    Колку далеку треба и мора да одат протестите против климатските промени? Дали климатското движење оди предалеку со гаѓањето на уметнички дела со пире од компири или со лепењето за рамките на слики во музеите?“, кажа Плогстет.

    Во изминатите месеци, климатските активисти го привлекоа вниманието во Германија со бројните контроверзни акции во музеите. Така во Уметничкиот музеј во Хамбург, обезбедувањето спречи активисти во обидот да нанесат лепак и остават алтернативно дело.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира