МЕДИЦИНСКИ ЕКИПИ ЌЕ ПОСЕТАТ 3.000 НЕВАКЦИНИРАНИ СЕМЕЈСТВА ДА РАЗГОВАРААТ ЗА ПРИДОБИВКИТЕ ОД ВАКЦИНИТЕ

    МЕДИЦИНСКИ ЕКИПИ ЌЕ ПОСЕТАТ 3.000 НЕВАКЦИНИРАНИ СЕМЕЈСТВА ДА РАЗГОВАРААТ ЗА ПРИДОБИВКИТЕ ОД ВАКЦИНИТЕВо 2021 година Македонија била на второ место во Европа и Централна Азија според бројот на деца со „нула дози“, (кои немаат примена никаква вакцина). (Фото: УНИЦЕФ)

    Медицински тимови од здравствените домови во земјава до крајот на мај ќе делат флаери и ќе одат „од врата на врата“ до околу 3 илјади семејства од 20 општини во земјава да разговараат за придобивките од вакцините, за одбележувањето на Европската недела на имунизација 2023.

    Според последниот извештај на УНИЦЕФ кој излезе минатата недела, во 2021 година Македонија, заедно со Босна и Херцеговина и Киргистан, била на второ место во Европа и Централна Азија според бројот на деца со „нула дози“, (кои немаат примена никаква вакцина) – 11 отсто од децата помали од една година. На прво место е Молдавија, каде оваа стапка изнесува 13 отсто.

    Со кампањата, како што соопшти Министерството, ќе бидат опфатени 20 општини (120 населени места, рурални и урбани), каде е регистриран понизок опфат на вакцинирани деца согласно календарот за задолжителна имунизација, како и вакцинација против ковид-19.

    „Над 30 тимови од медицински лица од здравствените домови во државата, одат ‘од врата до врата’, односно ги посетуваат семејствата каде има невакцинирани лица. Тимовите ги информираат семејствата за придобивките од имунизацијата, делат промотивен материјал и во договор со родителите имаат можност да закажуваат термини за вакцини од редовниот календар за имунизација“, велат од Министерството.

    Во рамки на кампањата, лицата над 60 години имаат можност на лице место да примат поливалентна вакцина против ковид-19 како бустер доза.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира