ЕВРОПА СЕ СООЧУВА СО ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ КАКО СЕКОЈДНЕВИЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Брисел,(ВашингтонПост)

    ЕВРОПА СЕ СООЧУВА СО ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ КАКО СЕКОЈДНЕВИЕ

    Новите напори на Исламска држава да шири страв во Европа ги тестираат границите на издржливост на антитерористичките власти, принудувајќи ги граѓаните и нивните лидери да се помират со нова ера во која терористичките напади ќе бидат секојдневие, а не исклучок.

    Лидерите на Европската унија велат дека ги срушиле бариерите меѓу безбедносните агенции и ги зајакнале граничните контроли по годината исполнета со терористички напади, од кои последниот беше на божикниот панаѓур во Берлин. Сепак, пропустите пред и по нападот во Берлин во понеделникот покренаа прашања дали промените или какви било промени се доволни да спречат повторување на годината во која имаше и двоен бомбашки напад во Брисел, масакр со камион во Ница и пукање со жртви во трговски центар во Минхен.

    На прославата на ДЕнот на Бастилја на 14 јули годинава шлепер и прегази 86 луѓе во францускиот град Ница (Фото: Ројтерс)

    На прославата на Денот на Бастилја на 14 јули годинава шлепер и прегази 86 луѓе во францускиот град Ница (Фото: Ројтерс)

    Повикот од лидерите на Исламска држава до нивните следбеници да планираат и да изведуваат независни напади во европските земји ги отежнува напорите да се намали насилството, велат функционери и аналитичари, поради практичните пречки постојано да се следи огромен број на потенцијални терористи. Промената на тактиката на терористите сугерира дека антитерористичките власти успешно ги нарушуваат плановите за поголеми напади, но помалите напади изгледа дека не можат да бидат спречени.

    Нападите можат да се случат речиси насекаде: на божикен панаѓур пред историска црква во Берлин, на улица за време на национален празник во Франција, во авион над Шкотска или за време на првиот ден од училишната година во мал град во Русија. Понекогаш, планот нема да успее, детонаторот нема да се активира или властите ќе уапсат некого и никој нема да биде повреден. Друг пат, нападот ќе остави крвава трага на смрт и уништување што ќе ја потресе нацијата или целиот континент.

    Тероризмот низ Европа уби 10.537 луѓе во 18.803 напади, исклучувајќи ги тие во активни воени зони, меѓу јануари 1970 и декември 2015, според истражувањето на Универзитетот од Мериленд. Во истражувањето се употребени 150.000 терористички инциденти во целиот свет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира