ПО 320 ГОДИНИ СЕ ЗАТВОРА „ВИЕНЕР ЦАЈТУНГ“, ЕДЕН ОД НАЈСТАРИТЕ ВЕСНИЦИ НА СВЕТОТ

    ПО 320 ГОДИНИ СЕ ЗАТВОРА „ВИЕНЕР ЦАЈТУНГ“, ЕДЕН ОД НАЈСТАРИТЕ ВЕСНИЦИ НА СВЕТОТВесникот од 1 јули ќе има само онлајн издание (Фото: АФП)

    Австриската влада донесе одлука за прекин на печатењето на еден од најстарите весници на светот „Виенер цајтунг“, кој е во државна сопственост. Основан во 1703 година, весникот бил приватен до 1857, кога бил национализиран од царот Франц Јозеф Први, по што станал службен весник на државата.

    Одлуката е усвоена со мнозинство“, изјави потпретседателот на австрискиот парламент Норберт Хофер, додавајќи дека весникот од 1 јули ќе има само онлајн издание.

    Во 2004 година, „Виенер цајтунг“ беше означен како еден од најстарите весници на светот кои сè уште се печатат, соопшти Светското здружение на медиумски издавачи.

    Според синдикатот, речиси половина од 200-те вработени во весникот ќе добијат отказ. Во последно време, „Виенер цајтунг’ имаше тираж од околу 20.000 примероци во работни денови, а во викенди беше двојно поголем.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира