ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ЗАТВОРА СО ПРЕТСТАВАТА НА ФИЛИП ПЕТКОВСКИ, „ОДЕЊА И СЛИЧНИ КОРЕОГРАФСКИ РЕШЕНИЈА“

    ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ЗАТВОРА СО ПРЕТСТАВАТА НА ФИЛИП ПЕТКОВСКИ, „ОДЕЊА И СЛИЧНИ КОРЕОГРАФСКИ РЕШЕНИЈА“За претставaта Петковски вели дека e инспириран од бројни теоретизации за концептот кореографија. - Плакатот за претставата.

    Деветнаесетотто издание на Танц фест Скопје завршува вечерва (20 часот) на малата сцена во Националната опера и балет (НОБ), со претставата „Одења и слични кореографски решенија“ во режија и кореографија на Филип Петковски.

    Во претставата учествуваат: Мими Поп Алексова, Дејан Битровски, Сара Цветковска, Давид Николовски и Борјан Ристовски. Музиката е на Давид Николовски, Виктор Филиповски, Горјан Стојменовски и Сашко Костов, а костимите се на Антонија Гугинска-Јорданоска.

    За претставaта Петковски вели дека e инспириран од бројни теоретизации за концептот кореографија.
    „Во шест слики, тој критички и телесно го преиспитува процесот на создавање на кореографија, користејќи го одењето како најбазичното човеково движење од кое почнува и се раѓа телесно структурирање. Служејќи се со ритмика, физички театар и танц, претставата упатува критика кон потребата за спектакл заснован на комплексен танцов вокабулар и напорен тренинг за танцот да биде промулгиран и сметан за висока уметност“, вели Петковски.

    Петковски е кореограф, режисер и доктор на науки по културолошки студии и изведбени уметности. До 2020 година, Петковски работи како асистент на Катедрата за светска уметност, култура и танц на УКЛА, а режирал девет театарски претстави во Македонија, Норвешка и САД.

    Пред почетокот на претставата, во чест на Светскиот ден на танцот, кој е на 29 април, Иванка Апостолова-Башкар, претседателката на ИТИ во С. Македонија, ќе ја прочита македонската порака, која годинава ја пишува Александар Георгиев.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира