СМЕНЕТ РУСКИОТ ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА

    СМЕНЕТ РУСКИОТ ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНАМихаил Мизинцев ја предводеше бруталната опсада на Мариупол

    Генерал-полковникот Михаил Мизинцев е сменет од функцијата заменик-министер за одбрана на Русија. Тој дојде на оваа позиција во септември на местото на разрешениот Дмитри Булгаков.

    Мизинцев ја предводеше бруталната опсада на Мариупол, по што стана познат како „касапот од Мариупол“ и се најде под западните санкции. За неговата смена известија рускиот воен блогер Александар Сладков и сајтот „РБЦ“, без да ја наведат причината. Кремљ и министерството за одбрана засега не ги коментираа овие информации.

    Ова е последната во низата смени на високите руски воени функционери од почетокот на војната во Украина, чија војска нема остварено значаен успех на бојното поле од јули, а во меѓувреме беше принудена на повлекување во регионите Харкив и Херсон.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира