„АЛКАЛОИД“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈАТРАКТИВНА КОМПАНИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    „АЛКАЛОИД“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈАТРАКТИВНА КОМПАНИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕНаградата му беше врачена на генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов. (Фото: „Алкалоид“)

    Македонската фармацевтска компанија „Алкалоид“ е најатрактивен работодавец, односно најпосакувана македонска компанија за работа за 2022, покажа анкетата спроведена од веб-порталот на Агенцијата за посредување при вработување „Вработување.ком“.

    На јавното анкетно истражување спроведено во периодот од 26 мај до 19 јуни 2022, 41 % од вкупно 1.468 испитаници одговориле дека би сакале да работат во „Алкалоид“.

    Наградата му беше врачена на генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, . Живко Мукаетов, на манифестацијата „Работодавец на годината“, реализирана низ симболиката на 20-годишниот јубилеј на „Вработување.ком“.

    Наградите за најпосакуван работодавец се доделуваат врз база на три критериуми: бројот на посети на огласите и на објавите на сајтот „Вработување.ком“, покажаниот интерес од апликантите и јавното анкетно истражување.

    На манифестацијата беа доделени награди во вкупно 7 категории.

    „Како компанија во чија деловна стратегија и во стратегијата за општествена одговорност Луѓето се пред сѐ, ‘Алкалоид’ ќе продолжи да одржува и да креира високи професионални стандарди во работната средина која претставува кариерен предизвик за сѐ повеќе млади професионалци кои тежнеат својата кариера да ја градат во сопствената земја“, велат од компанијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира