14-ГОДИШНИК СО ПИШТОЛ УБИ НАЈМАЛКУ ОСУМ СОУЧЕНИЦИ И ЧУВАР ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО БЕЛГРАД

    14-ГОДИШНИК СО ПИШТОЛ УБИ НАЈМАЛКУ ОСУМ СОУЧЕНИЦИ И ЧУВАР ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО БЕЛГРАДрпските медиуми објавија дека станува збор за 14-годишниот Коста К., кој исто така е ученик во училиштето. (Фото: Нова.рс)

    Во пукањето во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ загинаа осум ученици и чувар, а ранети се уште шест деца и еден наставник, соопшти српската полиција. Една ученичка со прострелни рани во главата и еден ученик погоден во врат се во операциона сала и во животна опасност.

    Утринава околу 8 часот, малолетник влезе во основното училиште во центарот на Белград и почнал со пиштол да пука на учениците.

    Српските медиуми објавија дека станува збор за 14-годишниот Коста К., кој исто така е ученик во училиштето, и за кого неговите соученици велат дека е тивок и повлечен и дека не бил проблематично дете. Тој првин пукал во наставничката и учениците кои се криеле под клупите во кабинетот по историја, а потоа продолжил и понатаму. Полицијата го приведе и го одведе од училиштето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира