ИАКО ИМАЛО СЛУЖБЕНИ КОЛИ ВО 1940-ТИТЕ, ВЕЛЕШКИОТ ДИРЕКТОР АНГЕЛ КАМЕЊАРОВ-МИКАРОТ ОДЕЛ НА РАБОТА СО ЧЕЗА ЗА ПРИМЕР КОН ВРАБОТЕНИТЕ

    ИАКО ИМАЛО СЛУЖБЕНИ КОЛИ ВО 1940-ТИТЕ, ВЕЛЕШКИОТ ДИРЕКТОР АНГЕЛ КАМЕЊАРОВ-МИКАРОТ ОДЕЛ НА РАБОТА СО ЧЕЗА ЗА ПРИМЕР КОН ВРАБОТЕНИТЕВо фирмите во Велес, некои од раководните луѓе на претпријатијата за пример кон вработените се превезувале со чеза. (Фото: Приватна архива)

    Во периодот после Втората светска војна, по 1945 и годините потоа, во време кога немало многу службени автомобили во фирмите во Велес, некои од раководните луѓе на претпријатијата за пример кон вработените се превезувале со чеза. Тоа е вид запрежна двоколка влечена од коњ, или коњи. Таков е примерот за директорот Ангел Камењаров-Микарот.

    „Микарот беше многу добар човек, но и добро ја водеше фирмата ‘Сточар’. Чаршијата го помни како работлив човек, како другар. Бил пример за раководно лице, за директор, раскажуваат нашите родители за него. Тој не ги делел вработените по ниту еден основ, имало слога. Добро е и денешните директори да го имаат за пример“, велат велешани за Ангел.

    Интересно е што тој по извод е Ангел Камењаров, познат кај велешани како Микарот, додека сите документи му биле како Ангел Саздов.

    Дел од вработените во „Сточар“. (Фото: Приватна архива)

    „Татко ми беше директор на претпријатието ‘Сточар’ кое освен во Велешко имало стока и во Берово, Пехчево. По војната немало многу автомобили во градот и тој на работа одел со чеза и тоа долги години. Имавме расен коњ со кој се превезуваше, кој го чуваше дома, имаше и седло за јавање. Толку бил сплотен со вработените, што татко ми ги носел на традиционалниот излет на 2 Мај, на Долна Бабуна, цел колектив заедно. Притоа обезбедуваше превоз, чези за сите вработени. На семејна фотографија се гледа дочекот на Новата година во 1956, како слават заедно во некоја кафеана, мислам дека е Црвен крст“,  вели синот Јордан Камењаров и тој познат кај велешани како Микарот.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира