ПО ЕДНА ГОДИНА ОД СИЛНИТЕ ДОЖДОВИ И ВЕТРИШТА ВО ВЕЛЕС, ПРОЦЕНЕТА Е ШТЕТА НА КОЛИ, СОНЧЕВИ ПАНЕЛИ, ЛЕТНИКОВЦИ И СТАНБЕНИ ЗГРАДИ

    ПО ЕДНА ГОДИНА ОД СИЛНИТЕ ДОЖДОВИ И ВЕТРИШТА ВО ВЕЛЕС, ПРОЦЕНЕТА Е ШТЕТА НА КОЛИ, СОНЧЕВИ ПАНЕЛИ, ЛЕТНИКОВЦИ И СТАНБЕНИ ЗГРАДИВелешани чекаат Владата да им ја исплати штетата од ланските бури (Фото: СДК.МК)

    Комисијата за проценка на штети при Општина Велес, ги објави проценките колкава штета предизвика невремето во Велешко на 4 јули и 20 август мината година.  Во двете невремиња имаше обилни врежи од дожд, проследени со силен ветер. Имаше оштетувања на градежни објекти, не и на земјоделските култури.

    „Невремето на 4 јули предизвикало штета на една викенд куќа, четири летниковци од угостителски објекти и еден покрив на  гаража. Тоа од 20 август, пак, оштетило една викенд куќа, пет станбени згради и објект од нестопанска дејност“, пишува во писмениот елаборат.

    Констатирани се штети од  209 илјади денари за невремето од 4 јули и 444 илјади денари за невремето од 20 август. Или вкупно  653 илјади денари (околу 10.500 евра).

    Меѓу другото, биле оштетени и шест автомобили и пет соларни системи.  Овој извештај кој Советот на Општина Велес  го усвои едногласно, ќе биде препратен до Владата. Таа треба да ги обесштети граѓаните кои пријавија и добија потврда за штета со 10 отсто од проценките.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира