ВО ШТИП ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ СПОМЕНИК НА КИРИЛ И МЕТОДИЈ

    ВО ШТИП ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ СПОМЕНИК НА КИРИЛ И МЕТОДИЈСпоменикот ќе се наоѓа во кружниот тек пред соборниот храм „Св.Никола“ (Фото: СДК.МК)

    Во центарот на Штип почна да се гради споменик на Кирил и Методиј, на местото каде што пред 70 години се наоѓало најстарото основно училиште во градот, кое го носело името на сесловенските просветители.

    „Самата локација, која е пред соборниот храм ‘Св.Никола‘, одговара за еден ваков споменик, а идејното решение го искомбиниравме со кружен тек. Засега е поставен само постаментот, а во наредните денови ќе се работи на поставувањето на бистите на светите браќа и се надевам дека пригодно ќе бидат откриени во втората половина на мај, за Денот на просветителите“, вели градоначалникот Иван Јорданов.

    Според него, споменикот се гради со донации од штипски компании. Општината ќе вложи во целиот проект само 600.000 денари.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира