КАПАЧИЊАТА ОД ПИЈАЛОЦИТЕ НА „ПИВАРА СКОПЈЕ“ ЌЕ БИДАТ ПРИЦВРСТЕНИ НА ШИШИЊАТА ЗА И ТИЕ ДА СЕ РЕЦИКЛИРААТ

    КАПАЧИЊАТА ОД ПИЈАЛОЦИТЕ НА „ПИВАРА СКОПЈЕ“ ЌЕ БИДАТ ПРИЦВРСТЕНИ НА ШИШИЊАТА ЗА И ТИЕ ДА СЕ РЕЦИКЛИРААТПрвите шишиња на водата „Роса“ со прицврстени капачиња веќе се пласирани на пазарот, а планирано е новата амбалажа да биде применeта кај сите брендови безалкохолни пијалаци на „Пивара Скопје“, најдоцна до крајот на оваа година.(Фото:Пивара)

    Новите пластични шишиња на безалкохолните пијалаци од понудата на „Пивара Скопје“ ќе бидат со капачиња кои се прицврстени на амбалажата. Со ваквата нова амбалажа се овозможува тие да бидат рециклирани заедно со неа, по консумирањето на пијалакот, соопшти компанијата.

    Првите шишиња на водата „Роса“ со прицврстени капачиња веќе се пласирани на пазарот, а планирано е новата амбалажа да биде применeта кај сите брендови безалкохолни пијалаци на „Пивара Скопје“, најдоцна до крајот на оваа година.

    Воведувањето на прицврстени капачиња е резултат на темелен процес на истражување и развој во групацијата „Кока-Кола ХБЦ“, кој вклучувал и фаза на тестирање, за да се осигура дека новото решение ќе биде удобно искуство за потрошувачите, а истовремено ќе ги исполнува и највисoките технички и безбедносни стандарди. Како резултат на ваквиот процес, избрано е решение кое не влијае на начинот на отворање и затворање на шишињата, кој останува ист како и претходно.

    Анализите на пластичниот отпад во океаните покажуваат дека капачињата се еден од главните загадувачи, како ситен отпад за кој помалку се грижат граѓаните. Со оваа иновација, капачињата ќе останат составен дел од отпадот од шишиња и со сигурност ќе се рециклираат.

    Воведувањето на прицврстените капачиња на ПЕТ-амбалажата е само еден сегмент од активностите на Пивара Скопје со кои компанијата го дава својот придонес за постигнување на заложбите за одржлив развој. Како дел од овие заложби, во „Пивара Скопје“ веќе се употребуваат амбалажи кои 100% може да се рециклираат, а компанијата активно учествува и го поддржува собирањето на отпадот од пакување кој се генерира на пазарот, како и во неговата правилна селекција и рециклирање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира