НАД 64 МИЛИОНИ ТУРСКИ ГЛАСАЧИ ОДЛУЧУВААТ ДАЛИ САКААТ ИДНИНА СО ИЛИ БЕЗ ЕРДОГАН

    НАД 64 МИЛИОНИ ТУРСКИ ГЛАСАЧИ ОДЛУЧУВААТ ДАЛИ САКААТ ИДНИНА СО ИЛИ БЕЗ ЕРДОГАНЕрдоган се соочува со најголемиот тест во својата политичка кариера (Фото: Шатерсток)

    Над 64 милиони турски граѓани денеска гласаат на најклучните избори во модерната историја, на кои што се одлучува дали Реџеп Таип Ердоган ќе остане претседател и по 20 години на власт. Неговиот главен ривал Кемал Киличдароглу, зад кого застанаа шест опозициски партии, вети дека ќе укине најголем дел од овластувањата што Ердоган ги присвои по обидот за пуч во 2016.

    За да се обезбеди победата уште денеска, еден кандидат мора да освои повеќе од 50% гласови. Во спротивно, ќе има втор круг за две недели, што е пореална опција. 

    Денешните избори се одржуваат во исклучително тешко време за земјата, кога растечката инфлација достигна 44%, иако многумина мислат дека е и повисока, а дури 11 провинции се справуваат со последиците од најуништувачкиот земјотрес во овој век.

    Гласачките места ќе бидат отворени до 16 часот по македонско време, иако 1,76 милиони турски државјани веќе гласаа во Германија, Франција и други земји, што претставува рекордна излезност од 53%. Според турските закони, какво било објавување резултати е забрането до 21 часот по локално време.

    Во последните часови од изборната кампања, Киличдароглу положи цвеќе во мавзолејот на основачот на модерната турска држава Кемал Ататурк, додека Ердоган ја предводеше вечерната молитва во џамијата Аја Софија во Истанбул, а потоа објави видео во кое кажа дека муслиманскиот свет будно ги следи настаните во Турција.

    Третиот кандидат на претседателските избори е ултранационалистот Синан Огун.

    Денеска се избираат и 600 пратеници во парламентот, иако тој изгуби голем дел од својата моќ откако Ердоган стана извршен претседател во 2018.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира