УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА СОБОРИЛА ШЕСТ ХИПЕРСОНИЧНИ ПРОЕКТИЛИ, ЗА КОИ ДО НЕОДАМНА НЕМАШЕ ОДБРАНА

    УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА СОБОРИЛА ШЕСТ ХИПЕРСОНИЧНИ ПРОЕКТИЛИ, ЗА КОИ ДО НЕОДАМНА НЕМАШЕ ОДБРАНАУкраинската војска има добиено одбранбени системи „патриот“ од САД и Германија (Фото: АП)

    Украинската војска соопшти дека ги соборила сите руски проектили кои ноќеска биле испукани кон Киев, истакнувајќи дека меѓу нив се и шест хиперсонични балистички ракети „кинжал“, за кои до неодамна немаше одбрана.

    „Кинжал“, што значи бодеж на руски, е едно од шесте оружја од новата генерација што Владимир Путин ги претстави во 2018, кога кажа дека тие не можат да бидат соборени од ниеден противвоздушен систем на светот.

    „Работата на нашата противвоздушна одбрана беше крајно успешна. Шест соборени ‘кинжали‘ е импресивен показател за тоа“, изјави заповедникот на здружените сили на украинската војска Серхиј Наев.

    Украина пред десетина дена првпат се пофали дека соборила руски хиперсоничен проектил над Киев, благодарение на новиот одбранбен систем „патриот“, добиен од САД и Германија. Тоа беше првпат Украина да го употреби овој систем. Сè дотогаш немаше докази дека „патриот“ може да собори „кинжал“.

    „Да, го соборивме ‘уникатниот кинжал‘. Тоа се случи за време на ноќниот напад на Киев на 4 мај“, кажа тогаш заповедникот на воздушните сили Микола Олешчук.

    Проектилите „кинжал“, едни од најнапредните руски оружја, се лансираат од авион. Според руската војска, тие имаат дострел до 2.000 километри и летаат десет пати побрзо од звукот, поради што тешко се пресретнуваат. Комбинацијата на брзината и тешката боева глава им овозможува да уништуваат силно утврдени мети, како подземни бункери и планински тунели.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира